Аферата Броило откри соларен картел околу дезертерот Ковачевски тежок 26 милиони евра. Фактите ја разобличија мрежата која е создадена во која фирмата ПИксел груп основана од Ковачевски е во центарот на еден систем за добивање државна помош и вносни бизниси правени под сомнение за трговија со влијание, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Оваа компанија Пиксел груп основана од дезертерот Ковачевски добила над половина милион евра државна помош вклучително и во времето кога Ковачевски е на функција, а над 200.000 евра се земени во периодот кога Ковачевски е мандатар за состав на нова влада.

Заедно со дополнителните бизниси и сателитските фирми во овој картел, бизнис проилото на Ковачевски превртило мултимилионски бизниси преку модел кој наликува на злосторничќко здружување по сите нишани.

И за Антикорупциска во ова нема ништо сомнително, па дури побрзаа да го амнестираат.

Го повикуваме Јавното обвиниелство да го провери и исражи скандалот Броило и на тој начин да покаже дигнитет и одважност. Пред вакви факти не може да се молчи. За криминал од милионски размери порано или покасно ќе ги стаса правдата и тие кои го правеле, и тие кои го помагале и тие кои го заштитувале, потенцираат од партијата.