Членот на Комисијата за спречување на корупција, Нури Бајрами, во јавноста познат и како баџанак на претседателот на Собранието, Талат Џафери, што на извесен начин стана и еден од симболите за роднинските врски при изборот на функции и бранот нови вработувања во јавната администрација, почна да ги манифестира своите „високи етички вредности“. Тој најави дека ќе се иземе при одлучувањето околу тоа дали постои судир на интереси при вработувањето на неговата внука Бесија Џафери во ЕЛЕМ.
Бесија Џафери е ќерка на спикерот Талат Џафери, чие вработување стана предмет на кој работат антикорупционерите.
Секако дека ќе се изземам при одлучувањето дали постои судир на интереси при вработувањето на мојата внука, одговори Бајрами на новинарско прашање.
За разлика од баџанакот Бајрами, баџанакот Џафери, пак, не се изема при гласањето во Собранието на новиот состав на антикорупциската комисија. Баџанакот Џафери тогаш, парафразирано, објасни дека не гласал за баџанакот Бајрами, туку за целиот предлог, што ќе рече, за целиот антикорупциски состав. Настрана тоа што не пријавил дека меѓу кандидатите е неговиот баџанак Бајрами. Веројатно, да се гласало поединечно, баџанакот Џафери ќе постапел поинаку, зашто ќе требало лично да се изјасни за баџанакот Бајрами.
Веројатно не значи и сигурно. Па, останува оценката дека кога работите се поставени на ниво на етика и морал, а не на закон, тогаш баџанакот Бајрами му одржа лекција по етика и морал на баџанакот Џафери.
Comments are closed for this post.