Адвокатот Еленко Миланов смета дека Законот за амнестија кој беше донесен вчера доцна попладнето во Собрание е контроверзен и ќе има проблеми во примената.
Насилството не потпаѓа под амнестија, кој на каков начин и како ќе ги толкува. Немаме цврсти докази за многу лица дека неовластено поседувало оружје, нема цврсти докази дека лица со прикриен идентитет презеле некој вид на насилство. Ќе биде доста контроверзно и долго време нема да се одлучи по оние барања кои ќе се поднесат, вели Миланов.
Миланов инаку е адвокат на тројца обвинети за случувањата во Собранието од 27 април. Тој ги застапува пратеникот Љупчо Димовски, Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање и оперскиот пејач Игор Дурловски.
Comments are closed for this post.