Откако градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, соопшти дека Управниот суд донел одлука во корист на општината и прифатена е тужбата против одземањето на ингеренциите да се назначуваат директори во училиштата од страна на Министерството за образование, со реакција се јави министерот Арбер Адеми.

„Незаконските дејствија и незаконските разрешувања на директорите на училиштата од страна на градоначалникот на Општина Гостивар утврдени од страна на Просветниот инспекторат и Второстепената комисија не можат да бидат покриени. Пресудата на Управниот суд во ниту еден момент не вели дека градоначалникот на општина Гостивар постапил законски“, реагира Адеми на денешната пресуда од Управниот суд .

Тој понатаму во реакцијата додава:

Судот ја уважил тужбата со образложение дека недостасувале дел од списите, односно сите списи не биле доставени, а некои биле нечитливи за судот (иако сите списи биле уредно доставени), па затоа не можел да ја утврди основата на решението за одземање на надлежностите.

Врз основа на оваа пресуда, МОН може повторно да донесе исто решение или да поднесе жалба до Вишиот управен суд. Ние се решивме за втората опција и во понеделник е поднесено жалба со сите списи на предметот, а секако правдата треба да дојде на свое место.

На г-дин Таравари и сите други им е тешко да се обидат да го политизираат и партизираат образованието и да именуваат директори дури и без факултет, како што именуваше пред да му се одземат надлежностите, заради новиот Закон за основно образование и поради постојаните напори да се даде приоритет на професионализмот“, се вели во реакцијата објавена на неговиот фејсбук профил.