Од Јавното обвинителство побарале дополнителни материјални докази од министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, која даде исказ во обвинителството во врска со непрефрлање на придонесите во Вториот пензиски столб изминатите десетина години.
Како што соопштија од обвинителството, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ја испитал министерката, која е подносител на кривичната пријава против непознат сторител за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик која се однесува на невршење на распределба на осигуреници во вториот столб од пензискиот систем и неисплата на придонеси во приватните пензиски фондови.
Во својот исказ таа изнесе одредени сознанија во врска со наводите во пријавата без притоа да посочи можен сторител на кривичното дело со утврден идентитет. Надлежниот јавен обвинител побара од подносителот на пријавата дополнително да достави определени материјални докази кои ги спомена во својот исказ – се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
Од обвинителството велат дека продолжува со преземање други дејствија за проверка на наводите во пријавата.
Надлежниот јавен обвинител од Државниот завод за ревизија ќе ги побара изготвените извештаи за извршена ревизија во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во критичниот период, а на распит ќе биде повикан и претставник на Фондот за да даде свое појаснување во врска со наведеното во пријавата
Comments are closed for this post.