Собранието со 80 гласа „ЗА“ ја донесе одлуката за измена на Уставот на Република Македонија согласно Договорот со Грција.

На барање на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ по електронското се премина и на поединечно гласање, при што беше потврден резултатот од претходно.

Поддршка за отворање на Уставот дадоа пратениците кои деновиве беа ослободени од куќен притвор. Пред два дена со гаранција беа ослободени пратениците Љубен Арнаудов и Сашо Василевски, а денеска пратеникот Крсто Мукоси кој од Вевчани допатува во Скопје на седница.

„ЗА“ гласаше и Елизабета Канческа Милевска против која се води судска постапка за случајот „Тендери“ и пратеничката Владанка Авировиќ чиј син Власилие Авировиќ беше осуден во случајот „Труст“.

Меѓу пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои дадоа поддршка за отворање на уставот се и  Емилија Александрова, Нола Исмаилоска Старова и Зекир Рамчиловиќ.