Струмичани имаат една изрека „Глеј си раатот“, јас во политиката не влегов да си го гледам раатот – изјави премиерот Зоран Заев на трибината што се одржа по повод две години од формирањето на Владата.

Како што истакна Заев, во изминативе две години се затворени сите отворени прашања што ги имала државава.

Преземавме одговорност што никој не сакаше да ја преземе цели три децении. Го зачувавме македонскиот идентитет. Сега граѓаните чекаат јасен потег од Европската унија – изјави Заев.

На форумот организиран по повод двегодишнината од Владата  свои обраќања имаа и вицепремиерите Радмила Шекеринска, Бујар Османи, Оливер Спасовски и Кочо Анѓушев. Учествуваат и универзитетски професори, академици, бизнисмени и граѓански активисти.