До 17 часот излезноста во вториот круг од претседателските избори е 38,23 отсто, соопшти пред малку претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.
„Очигледно е дека ќе биде надминат потребниот цензус“, рече Деркоски.
Дерковски вели дека изборниот ден поминува генарално мирно.
Втор круг гласање за претседател и шестите по ред претседателски избори.
Досега до ДИК пристигнале два приговори за избирачкото право, но и двата се одбиени бидејќи било утврдено дека имаат документи со изминат рок.
Comments are closed for this post.