Општина Центар и јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар“ (ПОЦ) набавија нова машина за чистење со цел да направат чекор напред кон автоматизирање на грижата на хигиената на просторот под нивна надлежност.
Станува збор за машина од германскиот производител „Грин машинс“, којашто има мултинаменски карактер. Освен за собирање на отпадот од паркиралиштата под надлежност на ПОЦ, со додавање дополнителна опрема на предниот дел од машината, со неа ќе може да се чисти и снегот од тротоарите или пешачките зони во општината.
Цената на оваа машина е два милиони 352 илјади денари, односно околу 38 илјади евра.
Како што истакнаа градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ и директорот на ПОЦ, Васко Кичевски, во план е набавка на уште една ваква машина за чистење на паркинг-зоните, но и дополнителни поголеми машини за собирање на отпадот и одржување на хигиената на целата територија на општината.
Во рамки на заложбите на општината за зголемување на ефикасноста во одржувањето на хигиената, во соработка со град Скопје, општина Центар ќе набави и нови подземни контејнери и канти за отпадоци.
Comments are closed for this post.