Основниот суд во Скопје му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на Јахи Јахиу, кого Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го осомничи дека зел поткуп за да намести фирма да добие европски пари, пишува Алсатм.

Мерката притвор е изречена поради опасност од бегство и поради можноста да го повтори делото.