Полските навивачи кои вчера попладне беа приведени во Градскиот парк утрово се однесени пред судија за прекршоци, информира МВР.

Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека по синоќешната тепачка во градскиот парк меѓу две групи полски навивачи, приведени биле 223 лица. Биле однесени во полициските станици Гази Баба, Кисела Вода, Карпош и Ѓорче Петров, каде биле задржани цела ноќ. Во полициските станици биле носени со автобуси, бидејќи станува збор за голема бројка.

Ние доставивме соодветни поднесоци до надлежен суд за прекршоци и сега тој треба одлучи за натамошната казна за навивачите. Очекувавме инциденти со полските навивачи и затоа постојано бевме во контакт со Полската амбасада. Успеавме да спречиме поголеми инциденти благодарение на големото присуство на полициски службеници низ градот“, велат од Министерството за внатрешни работи.