Безбедносните камери во основното училиште „Владислав Рибникар“ го снимиле масакрот што се случи вчера. Снимката е препратена во полиција, а истрагата е во тек.

Безбедносните камери поставени на влезот и во ходниците на ОУ „Владислав Рибникар“ го снимиле грозоморниот масакр што во средата наутро го извршил малолетниот ученик од седмо одделение Коста Кецмановиќ.

 

На видеата се гледа како Коста по кратка дискусија со обезбедувачот пука во дежурниот ученик, а потоа и во чуварот, при што ги убива.Камерите низ ходниците ја снимиле целосната рута на движење на убиецот, како и пукањето.