Историјата се потворува кога станува збор за Зоран Верушевски и за неговата моќ да руши влади со нелегално прибавени телефонски. Заев е третиот политичар кој паѓа од снимкитена Верушевски. Преходно тоа беше Љупчо Георгиевски со аферата „Големото уво“ како и Никола Груевски со „бомбите“.

Очигледно е дека каменот од блиску доаѓа и оти Заев со бомби дојде на власт со бомби ќе си замине. Заев вчера конечно обелодени дека соговорникот на сминките кои беа објавени пред десетина дена на кои тој пцуе и се заканува е синот на неговиот претседател во партиската  комисија за внатрешна безбедност.

Интересно е што Заев тврди дека знае оти бил сниман додека седеле во ресторан но оти не знае зошто одлучил да ги објави снимките.

Во врска со соговорникот кој ме снимал, тоа е господинот Александар Верушевски. На ручек кај мене во Струмица, тоа е летото 2016 година. Овде, седиме и ручаме и видов дека ме снимал. Разговорот јасно покажува кој е. Не беше тоа пред 100 години, беше пред четири години од денеска, наназад гледано. Ние сме во добри односи. Секој со својата одговорност. Јас сум пријател со сите. Тој така одлучил, така направил. Јас сум многу близок со неговото семејство, ги сакам неговите дечиња. Со професорот Верушевски сум пријател, тој е претседател на нашата Комисија за внатрешна безбедност во државата, советник во Кабинетот за национална безбедност. Соработувам, но еве, така одлучил мојот пријател Александар и така направил, објасни лидерот на СДСМ.

Иако на снимката е гласот на синот Александар Верушевски, јасно е дека зад намерата да се сними Заев стои неговиот татко Зоран.

Се поставува прашањето зошто снимката се појавува во овој момент кога се одлучува детумот  за избори и кога сериозно е разнишана фотелјата на Заев во СДСМ. Критики стигнуваат од сите страни, од до вчера негови блиски соработници и подджувачи, Владимир Милчин, Максим Димитриевски, Бранко Геровски, Софија Куновска, Сашо Тасевски…

Дека на Верушевски не му е првпат да игра двојни игри покажува и неговата прва изјава како сведок во случајот „Таргет-Тврдина“.

Тогаш тој изјави дека „бомбите“ доживеале промени откако тој заминал во притвор.
Факт е дека таа документација дожева стравотна модификација и компромитирање и сето тоа се случува по моето лишување од слобода, изјави лани во септември Верушевски.

Заев подоцна невешто тврдеше дека Верушевски ќе се дообјасни и оти автентичноста на „бомбите“ биле потврдени од форензичките анализи.