Откако СДСМ откри кои ќе бидат дел од носителите на изборните листи станува јасно дека кај нив нема демократски капацитет за промени. Истите кадри кои се појавуваат на сите избори и се претплатени на порази повторно ќе ја бараат довербата од граѓаните.

На прво место секако е тандемот Заев-Шекеринска кои ќе бидат носители. Тоа се оние истите кои загубија и на последните избори но и оние избори во 2008 година кога беше најголемиот пораз на СДСМ а тогаш нејзин претседател беше токму Шекеринска.

Како носители се споменуваат и министерот за здравство Венко Филипче кој е заглавен во неколку афери, како што е „шпанско село“ а се споменува и во случајот „Рекет“. И самиот тој потврди дека имал чести контакти со првообвинетиот Бојан Јовановски. Можно е носител да биде и Мила Царовска која не направи ниту еден проект за граѓаните, посебно за најзагорзените категории.

Гледано фактографски, последната победа на СДСМ на избори се случи пред 18 години во далечната 2002 година, веднаш по воениот конфликт. На сите следни избори, СДСМ убедиво губеше. Пораз доживеаја и во 2016 година кога СДСМ освои 49 пратеници а ВМРО-ДПМНЕ 51.

Сите порази на СДСМ

На првите парламентарни избори, одржани 1990 година, Социјалдемократскиот сојуз, тогаш сè уште под името СКМ-ПДП, ги добива изборите во првиот круг, но ги губи во вториот изборен круг.

СДСМ со коалицијата Сојуз за Македонија ја доби довербата од граѓаните и на вторите парламентарни избори во 1994 година.

На парламентарните избори во 1998 година СДСМ освои 27 пратенички места како најголема опозициска партија во Собранието на Република Македонија

На изборите во 2002 година коалицијата За Македонија заедно, предводена од СДСМ доби 60 мандати и е носител на новата Влада.

На парламентарните избори во 2006 коалицијата За Македонија заедно предводена од СДСМ доби 32 пратенички места.

На предвремените парламентарни избори, што за првпат од осамостојувањето на Република Македонија, сега Република Северна Македонија. се одржаа на 1 јуни 2008 година, коалицијата Сонце – Коалиција за Европа, предводена од СДСМ доби 27 пратенички мандати од граѓаните.

Резултатите од предвремените парламентарни избори во 2011 година покажуваат добиени 42 мандата од СДСМ и коалицијата.

Резултатите од предвремените парламентарни избори во 2014 покажуваат дека СДСМ и коалициските партнери добиле 34 мандати, како најголема опозициска партија.

Победник на предвременти парламентарни избори во Македонија во 2016 година е коалицијата на ВМРО ДПМНЕ со освоени 16.240 гласови повеќе од коалицијата која ја предводеше СДСМ.