Собранието на Македонија ја разреши специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со 102 гласа „за“ без воздржани и против. За одлуката гласаа и 27 припадници од заедниците кои не се мнозинство, со што беше исполнет условот разрешувањето на специјалната обвинителка да биде со дветртинско мнозинство, плус и таканараченото Бадентерово мнозинство. Jанева е разрешена за несовесно, незаконско и нестручно работење.
Јанева е во притвор од 21 август како третоосомничена за случајот „Рекет“ за злоупотреба на службената положба и овластувања.
Собранието, одлуката за разрешување треба да ја достави до Советот за јавни обвинители и тоа се очекува претседсателот на Собранието, Талат Џафери да го направи уште денс. Потоа, Советот треба да свика седница за да се констатира разрешувањето на Јанева.
Таа беше избрана за специјален јавен обвинител на 15 септември 2015 со 108 гласа „за” и нејзиниот мандат истекуваше утре.
Comments are closed for this post.