Дојде крај на пиењето на кафе во кафулињата долж „Партизанска“ и другите булевари. Оваа слика е честа особено за викенд. „Шемаџиите“ ја заземаат крајната десна лента и прават дополнителен метеж. Сашо Топаловски, началник во СВР Скопје во интервјуто за „Република“ најави дека специјализирани полициски возила кои се опремени со камери ќе патролираат и ќе ги снимаат и фотографираат паркиранте возила.

 

Додека го пијат кафето ќе им стигне порака дека штотуку им стигнал прекршочен платен налог. Тогаш ќе сфатат дека наместо да платат кафе кое ќе чини 1500 денари ќе биде подобро да се паркираат на безбедно место и кафето да ги чини многу поевтино, советува началнкот.