Македонија има или имаше малку музички звезди. Една е на небото веќе 19 години а другата вчера му се придружи. Си замина Владо Јаневски, кој беше поет во душа од рангот на еден Балашевиќ чии стихови создаваа љубовни песни во кои сите се препознаваа.
Како што и самиот велеше -небаре сме сите од ист материјал направени па сите исто ги погодува приказната за поранешната љубов, за сегашната, за љубовта кон својот град или кон државата. Милион ѕвезди горат за Македонија…

Уште со појавата на Ластовица заедно со Роберт Саздов и оние заразни стихови кои ги пееја од деца до возразни, меѓу кои и јас можеше да се насети дека оваа не е нешто што ќе трае едно лето и толку.
Но, откако Владо реши да влезе во соло водите почна да доаѓа во израз неговата дарба за пишување љубовни песни кои веднаш стануваа хитови. Без интернет, без Фејсбук и Јутуб. Само радио, по некоја телевизиска емисија и концерти. Многу концерти. Албуми на касети (да тогаш постоеја касети).

Па трк до Југотон со велосипед да го купам албубот „Парче душа„ или „Далеку е небото“. И кога беше на врвот реши да се повлече и замина за Русија.

Руските зими најдобро ги опиша во „Дома си е дома“. И навистина се врати дома за повторно да влезе во историјата како прв претставник на Македонија на Евровизија со „Не зори зоро“.
Потоа следуваше повторно апстиненција од јавноста но не и од музиката. Непојавувањето во своите спотови не му пречеше напротив му донесоа пет полни „Универзални“. Владо едноставно го познававаше македонскиот шоу бизнис ваков или таков, како што пееше во еден од своите хитови.

Последниве дестина години Владо се посвети на големи концерти во неговото Скопје па неколку пати ја наполни „Борис Трајковски“, последен пат сега во февруари за Денот на вљубените Во Охрид пак на Антички ги имаше редовните концерти.
Требаше и сега во август, но господ имал други планови. Мирот и спокојот ги пронајде во Гевгелија, откако во неговиот Чаир му стана премногу бучно и хаотично. Но, како што велеше од божји нишан не се бега. Збогум Владо, пејте ги горе со Тоше најубавите песни. Што и да е ќе помине.







Comments are closed for this post.