По повод роденденот на градот „4-ти Ноември“ во концертната сала на Офицерски во Битола, уметност преку звук и танц. Музичарите Димитар Михајловски на виолина и Александар Стојчевски на пијано, музицираа во перфектната акустика на Офицерски.

Аранжманот на композициите за виолина и пијано ги направи Димитар Михајловски, а танцовата двојка Зорица Симјановска и Димитар Трајковски од Танцовиот спортски клуб „Степ ап“ од Битола, танцуваа.

Во продолжение уживајте во уметноста која доаѓа од Офицерскиот дом.

извор: Тера тв.