Јосип Броз Тито по Втората светска војна донел закон со кој во цела Југославија се забранило чување и размножување на кози. Тој сметал дека ова домашно животно предизвикува само штети и дека треба да се истреби.

„Морам да кажам дека сум среќен што ги уништивте козите, бидејќи сега гледам дека вашите ридови се зелени. Би сакал да го прават тоа каде што не направиле. Нашиот човек за 10 години ќе почувствува што му значела козата , и што е потребно да се одгледуваат овци затоа што даваат и млеко и волна.Одгледувањето овци нема да ја уништи шумата.А знаете дека шумата и климата се подобруваат.Кога овие ридови се обраснати со шума тогаш нема да имате такви сува клима каква што имате во текот на летото, таа неподнослива жештина. Климата ќе се промени, а тоа ќе ви даде повеќе можности за поинтензивно обработување што ги имате овде-говорел Маршалот.

Како што се наведува, спорниот закон е донесен во 1948 година во ФНРЈ, по директна наредба на самиот Тито, а важел нешто повеќе од една деценија, бидејќи кон крајот на 50-тите години бил укинат.