Еден од најголемите научници Никола Тесла почина на денешен ден во 1943 година во Њујорк во хотелот „Њујоркер“

Премногу мистерии се кријат околу Никола Тесла но сигурно најголема е околу неговата опседнатост со броевите 3,6 и 9.

Но, малкумина знаат зошто е тоа така. Тесла имал прилично голема опсесија, и бил во состојба да оди низ целиот блок последователно три пати пред да влезе во зградата,Или пак одел во хотелски соби со број кој е делив со 3.

Се говори дека Тесла бил во спектар на аутизам или имал опсесивно компулсивно нарушување, некои дури велат дека бил многу суеверен. Сепак, вистината е малку подлабока.

“Ако ја знаете магијата на броевите три, шест и девет, ќе ја откриете тајната на универзумот”-говорел научникот.

Тесла тврдел дека овие броеви се особено важни, но никој не го слушал. Тој дури и пресметал точки за јазол околу планетите поврзани со броеви 3, 6 и 9.