Жена која  била задолжена да го пренесе накитот  за  настапот на Рита Ора на филмскиот фестивал во Кан,  вреден 3, 5 милони евра го заборавила во торба во авионот.

Скапоцениот накит се вратил во Лондон, каде е и пронајден, рекол полициски извор за Франспрес.

Настанот се случил на 16 мај  кога жената излегла од авионот во Ница и подоцна  сфатила дека го заборавила рачниот багаж и мантилот во авионот.

Само некој со глава во облаците може да заборави повеќе милиони во авион, се пошегувал еден полициски службеник.

Според тој службеник, торбата била вратена на лондонскиот аеродром „Лутон“, од каде компанијата го проследила на аеродромот „Хитроу“, каде сопствениците на накитот ги земале своите скапоцености.