На црвениот тепих во Кан неделава вчера вечер се случи еден  романтичен момент. Чешкиот милионер Милош Кент, кој има најмалку 65 години ја побара за жена 25 годишната Португалка Маргарита Арана

Тие учествувале на ријалити шоу за запознавање осамени двојки и во април се запознале, по што биле на луксузен одмор во Тајланд , а Кент бил и во Португалија за да ги запознае родителите на девојката. Се сретнале во Швајцарија , во ноќниот клуб на чешкиот милионер.

На видеото од Кан се гледа милионерот како дотеран во беспрекорно одело со исчекување се надева Арана да ја прифати неговата брачна понуда.

Тие тргнале да ја гледаат премиерата на францускиот филм ,,Mektoub, My Love: Intermezzo” , кога наеднаш Кент клекнал на колена среде црвениот тепих.