Туристите коишто планираа да присуствуваат на фестивалот „Остров на сексот“ ќе бидат разочарани од најавата на властите на Тринидад и Тобаго да го затворат контроворзниот фестивал што требаше да се одржи со почеток од петок на еден приватен остров.

Ова случување требаше да се одржи од 14 до 17 декември, а околу 50 мажи имаат купено карти по цена од околу пет илјади евра. Сепак, тие добија предупредување од властите дека ќе бидат депортирани, поради настојувањата да се оневозможи организирањето оргии.

Купената влезница за фестивалот вклучува четири ноќевања, а посетителите имаат на располагање пиење, дрога, како и неограниечн секс со околу 100 проститутки.