Вкусна и ароматична чорба со полн вкус на целер …

Потребно е:
1 поголем корен од целер
1,5 л пилешка супа (може и вода)
50 г путер
1 поголем компир

за запршката:
100 г путер
40 г бело брашно

за кнедлите:
2 белки
40 г брашно

2 жолчки
малку сок од лимон
сол, бел бибер
мелено морско оревче

Подготовка:
– Коренот од целер измијте го убаво, излупете го, исечете го на помали коцки и пропржете го на 50 г путер.

– Сипете 1,5 л пилешка супа (или вода). Во супата ставете и еден компир исецкан на коцки.

– Кога ќе омекнат целерот и компирите испасирајте ги и вратете ги во супата.

– Направете запршка од 100 г путер и 40 г брашно. Запршката треба да остане бела. Полека сипете ја во супата со постојано мешање.

– Преминете на подготовка на кнедлите. Изматете ги во цврст шлаг двете белки. Додадете 40 г брашно и убаво измешајте. Со лажиче земајте од смесата и спуштајте ги кнедлите во врелата супа.

– Изматете ги жолчките и полека додадете ги во супата со  постојано мешање. Во супата сипете и малку сок од лимон. Зачинете со сол, бел бибер и морско оревче, по вкус.