За првпат по 1973 година, кога беше изградена кулата Монпарнас, во центарот на Париз ќе се гради облакодер. Ќе се вика Tour Triangle, која е проект на швајцарското архитектонско студио „Herzog & de Meuron“, а ќе биде висока 180 метри.
Предвидено е изградбата да почне наредната година и да заврши во 2024, кога француската престолнина треба да биде домаќин на Летните олимписки игри.
Tour Triangle ќе се наоѓа до плоштадот Версај и ќе има уникатна триаголна форма, а во зависност од која страна ќе се гледа, ќе изгледа различно. На пример, ако се гледа од средината, таа ќе личи на тенка кула, а од исток и од запад ќе личи на триаголник.
Облакодерот е така проектиран за да ја минимизира сенката, што ќе ја прави. Архитектите уверуваат дека секоја од околните зони ќе биде без сонце до максимум 40 минути дневно. Предвидено е внатрешноста на објектот да добива максимална природна светлина, дотолку повеќе што во него ќе има работна површина за 5.000 луѓе. Освен тоа, „Tour Triangle“ ќе има хотел со 120 соби, медицински центар и детска градинка.
„Herzog & de Meuron“ за првпат го објави проектот уште во 2008 година и според планот, објектот требаше да биде готов во 2014 година. Меѓутоа, идејата не наиде на добар прием, особено заради лошото расположение произлезено од кулата Монпарнас, па по судска постапка градските власти беа принудени да не можат да издадат дозвола за градба. Но, неодамна Парискиот административен суд го прогласи решението за градба за конечно.
Comments are closed for this post.