Џипот на Жељко Ражнатовиќ Аркан не е поместен повеќе од 23 години, но тоа не е се од движниот имот што никој досега не можел да го присвои.

Ражнатовиќ имал милионски возен парк, глисери и пабови, кои пропаднале години по ликвидацијата, бидејќи никој нема право да ги користи и тие се во распаѓање.

Блиндирани џипови, скапи автомобили, но и глисери, чамци и службени возила повеќе од 20 години тлеат по гаражи и паркинзи, собираат прашина и рѓосуваат, бидејќи никој не смее да ги вози!