Возачот на автомобилот кој го усмрти кралот на народната музика Шабан Шаулиќ се наоѓа во тешка психичка состоба.

Иако тој од слобода ќе го чека судењето и не се наоѓа во притвор жали за она што го стори и постојано плаче, пишуваат српските медиуми. Тој дури и го сменил физичкиот изглед, ја избричил брадата и целосно ја скратил брадата.

Левент имал навика да позајмува автомобили од своите пријатели  и со нив да се вози без возачка дозвола па полицијата ќе го испитува и нив.

Висината на казната ќе зависи од тоа со која брзина се движел, и посебно од тоа дека во неговата крв е најден алкохол и употреба на канабис.