Оригиналната постава од можеби најпопуларната серија во деведесетите, „Беверли Хилс”, по 19 години од крајот, се подготвува за снимање нови епизоди.

Фокс објави снимка на која Бренда (Шенен Доерти), Дона (Тори Спелинг), Кели (Џени Гарт), Брендон (Џејсон Престли), Стив (Ијан Зиринг), Дејвид (Брајан Остин Грин) и Андреја (Габриеле Картерис) го читаат сценариото и се забавуваат.

– Се разделија пред 19 години, а сега повторно се собраа. Снимањето ќе биде поинтересна сапуница од самите нови продолженија, се наведува во известувањето.

Во екипата ќе недостига Лук Пери (Дилан), кој почина во март годинава од мозочен удар. Но, Спелинг во едно интервју претходно рече оти се надева дека тој сепак ќе биде дел од новата приказна.

Прикажувањето на новите продолженија е најавено за 7 август, а како што соопштуваат од Фокс, епизодите ќе бидат инспирирани од животот на самите глумци.