Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија присуствуваа на одбележувањето на 75. годиншнината од „Денот Д“, најголемата воената инвазија на сојузниците од Англија врз Нормандија, преку каналот Ламанш.

На свечениот прием во Портсмоут се дружеа со ветераните од Втората светска војна, а извесен Томас Кутберт не беше неодлучен кога ја здогледа првата дама на Америка.

Меланија Трамп толку го шармираше што деведесет и три годишниот ветеран не можеше да оддолее да не и испрати комплимент.

Убава е зарем не?, искоментирал ветеранот обраќајки му се на американскиот претседател и додаде „Ех, да ве нема вас и да сум 20 години помлад“.

Трамп се насмеа и ја пружи раката да се поздрави со ветеранот.

„Го можете вие тоа, нема сомнеж, му одговори Трамп.

На приемот, ветеранот Кутберт покажал одличен смисол за хумор. Разговарал со британската кралица Елизабета и принцот Чарлс.

Госпоѓата Трамп посебно му се допаднала, а од претседателот Трамп, како што самиот вели, бил изненаден.

„Поинаку го доживеав отколку на телевизија, симпатичен е. Неговата сопруга исто така беше многу пријатна“, посочува Томас, кој е носител на Легијата на честа заради заслуги при истовар на брегот на Нормандија.

Воениот ветеран и служел на морнарицата и бил задолжен за полнење гориво на другите бродови.