Еден од водителите на Евросонгот, Аси Азар е голема ѕвезда во Израел. Тој е водител на неколку најпознати шоуа меѓу кои и „Биг брадер“.

Исто така е режисер на романтична комедија. Но, најголемо внимание привлекува со својот љубовен живот. Тој е во брак со својот партнер Алберт од 2016 година.

Аси и Алберт не ја криеја својата љубов и за време на Евросонгот. Алберт по успешно одбработената генерална проба го награди својот сопруг со страствен бакнеж.