Скопската Зоолошка градина ќе добие мини зоолошка градина, „Бејби Зоо“, за најмладите, по европски и светски стандарди.

Се работи за заградена мини зоолошка градина каде ќе има мали безопасни животни и каде децата во присуство на Зоо негувател ќе може поинтеркативно да се запознаат со животните, да си играат и да се фотографираат со нив.

 Целта е децата уште од мали да ја почувствуваат љубовта и грижата кон животните. Доколку уште од мали нозе научат како да се грижат за нив, сигурно е дека кога ќе пораснат ќе ја имаат онаа зоокултура која сега недостасува кај нас, изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.