Во моментов, една од најпопуларните и најуспешни манекенки на светот 23-годишната Кендал Џенер, потоа 22-годишната Бела Хадид, 27-годишната Емили Ратајковски и 22-годишниот Хајли Болдвин, се дел од добро смислена милионска измама и наскоро би можеле да се најдат на суд.

Имено, тие биле ангажирани во промоцијата на фестивалот „Фајар”, организиран од претприемачот Били Мекфарланд, кој ги измамил инвеститорите за огромни 26 милиони долари, а дел од тие пари ги потрошил на нивните хонорари. Во целата приказна е вмешан и со раперот Џа Рул, и тоа наводно како партнер, но не е познато дали тој самиот е жртва на измама.

Кендал, Бела, Емили и Хајли го прекршиле федералниот закон на САД, бидејќи при рекламирање на социјалните мрежи, тие не нагласиле дека станува збор за платена реклама. Наводно тоа го сторила само една од нив.

Нивните хонорари вкупно изнесувале околу 1,25 милиони долари, а на судот ќе мора да му објаснат зошто не ги почитувале законските прописи.

Фестивалот „Фајар” требаше да биде нешто досега невидено на Бахамите, но тоа не се случи. Многу заинтересирани луѓе посакаа да го посетат и да купат билети, кои вклучуваа луксузно сместување и храна, концерти на светски музички ѕвезди, но наместо тоа, на местото на настанот беа пречекани од бура, влажни шатори и сендвичи. Концертите не се одржаа, исто како и самиот фестивал, а илјадници луѓе останаа без пари. Билетите беа продадени за само два дена, а цената на некои изнесуваше 250.000 долари.

Били Мекфаланд (27) моментално е во затвор за повеќе милионски измами и таму ќе ги помине следните шест години.