Научниците на НАСА објавија дека во недела блиску до Земјата ќе прелета голем двоен астероид.
Астероидот е наречен 1999 KW4 и е составен од едно тело со дијаметар од 1,5 километри и има своја сопствена месечина , односно помал астероид со дијаметар од 500 метри.
Станува збор за бинарен астероид , кој орбитира еден околу другиот. 1999 KW4 ќе прелета покрај Земјата во ендела на 26. мај околу 1 часот наутро со неверојатна брзина од 67 000 км/час.
Иако организацијата Minor Planet Centre (MPC) го категоризираше во потенцијално опасен објект и ќе помине релативно блиску до нашата планета , сепак ќе прелета на сигурна оддалеченост од 5 182 015 километри , односно 13,5 пати од оддалеченоста меѓу Земјата и Месечината.
Comments are closed for this post.