Дејвид Гета вчера од Мајами одржа концерт кој онлајн можеа да го следат неговите фанови од цел свет. Најпознатиот светски диџеј засвире од врвот на неговата зграда, а неговиот двочасовен спектакл го следеа повеќе од шест милиони луѓе преку Фејсбук и повеќе од 300.000 на Јутјуб.

Концертот беше од хуманитарен карактер, Гета ги повика гледачите да донираат за борба против коронавирусот, а за секој долар што ќе го соберат, тој ќе донира уште еден.

Многумина беа воодушевени од овој концертен спектакл, но за жал полицијата не беше воодушевена.

Иако концертот требаше да се следи од дома, повеќе од 200 луѓе се собраа за да го слушаат во живо перформансот на Гета, поради што морала да интервенира полицијата, пишува Мајами хералд.

Сосема различна слика имаше во Скопје. Градоначалникот Шилегов реши да му плати 14.500 денари на извесен Лепи Џони. Љупа Ангелов е првиот македонски музичар што направи маалски концерт на отворено, во рамки на проектот  „Култура во време на Корона“ на Град Скопје со којму плати 14.500 денари за да ги забавува Скопјани за време на карантинот.