Кувајт го отвори најдолгиот мост на светот, кој ги поврзува престолнината и непогодниот за живеење пограничен регион, што треба да стане најголемиот центар за слободна трговија, јавува Франс прес.

Мостот ги поврзува Кувајт Сити и северниот пустински реон Субија и е долг 36 километри. Кувајт планира во Субија да подигне „Град на свилата“, проект што ќе го поврзува Заливот со Азија и Европа. Новата врска е именувана според претходниот емир Џабер III ал-Ахмед ал-Џабар ал-Сабах. Три четвртини од мостот се над вода.

Благодарение на новиот мост, времето за патување меѓу Кувај Сити и Субија од 90 минути ќе се намали на помалку од половина час. Инвбестициите во „Градот на свилата“ се очекува да достигнат 100 милијарди долари и таму е веќе подигната електроцентрала со јачина од 5.000 мегавати.

Мостот чини 3,6 милијарди долари, а неговата изградба траеше пет години.