Тинејџерите во регионот побудaлеа по напитокот наречен „Prime“. Едно шишенце од половина литар чини седум евра и побарувачката е голема. Првично наменет за спортисти и физички активни луѓе бидејќи обезбедува соодветна хидратација, не содржи кофеин и глутен, но има големо количество шекер.
Создаден е од поранешните боксери Логан Пол и КСИ кои сега се тиктокери и лесно достапни за младите поради големата популарност.
Овие пијалоци им се рекламираат на децата преку социјалните мрежи и станаа своевиден статусен симбол бидејќи цената на пијалокот е седум евра.
Производот е увезен од Косово а Црна Гора привремено забрани негова продажба.Лесно може да се најде и на бензиските пумпи во Србија а засега нема информации дали се продава во Македонија.
Лекарите предупредуваат дека ако „Приме“ се конзумира секојдневно предизвикува оштетување на централниот нервен систем, бубрезите и мозокот. Посебно е опасно ако се зема истовремено со алкохол и наркотици“.
Comments are closed for this post.