По се изгледа дека во 2019 година крзното конечно ќе излезе од модната индустрија.

Барбери, Гучи, Версаче се само некои од главните брендови кои се спротиставија на суровоста врз животните, воведувајќи забрана за користење на такви предмети, а истите ги заменија со вештачки верзии на производот во своите колекции.

Трговците исто така преземаат мерки. Најголемиот ланец за облека „ФарТеч“ објави дека од декември 2019 во целост од употреба ќе го исфрли вистинското крзно.

Големите промени во модната индустријата започнаа во септември 2018, тогаш на Лондонската модна недела, една од најголемите манифестации од овој вид, немаше ниту едно парче облека од природно крзно.

Ваквата одлука беше поздравена и од организацијата за етичко постапување кон животните – ПЕТА, која објави и изјава како одговор на веста дека Викториија Бекам ќе ја забрани егзотичната кожа во својата колекција, по жалбите кои против неа ги покрена споменатата организација.

 

View this post on Instagram

 

My #VBAW18 fitted leopard coat in the Financial Times @ft_howtospendit Christmas Special! Discover it at my website or #VBDoverSt x VB

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) on

„Зад секоја чанта или пар кондури од крокодил, алигатор, змија или гуштер се крие насилна смрт. Одлуката на Викторија Бекам да забрани егзотична кожа, ќе поштеди од страдање безброј неверојатни животни, а ПЕТА ги повикува и другите луксузни марки да го следат нејзиниот пример, искоментира Елиса Ален“, директорка на ПЕТА.

Викторија беше пофалена од Шанел, Вивиен Вествуд, кои исто така од употреба ја имаат исфрлено кожата од егзотични животни.

Очигледно дека претстојат огромни промени пред модната индустрија. Меѓутоа, постојат и многу брендови кои се уште користат вистинско крзно и егзотични животни во своите колекции, како Диор, Сент Лорент, Луис Витон… ПЕТА во моментов води кампања во која повикува да престанат да го прават тоа.