Огнената стихија што веќе неколку денови беснее во Калифорнија засегна голем број холивудски ѕвезди. Ким Кардашијан, Кејтлин Џенер, Џерард Батлер, Вил Смит, Алиса Милано се само некои од нив, а на социјалните мрежи кружат страшни фотографии.

Актерот Вил Смит објави видео од својата куќа и од пожарот во близина, испраќајки порака дека опасноста мора да се смета за сериозна и да се почитуваат протоколите за евакуација.

Ќерка ми е нервозна, па ме натера да излезам надвор. Ова е страшно. Ние сме подготвени за евакуација, само чекаме наредба. Ако сте во зоната на евакуација, бегајте веднаш – порача актерот.

За разлика од него, помалку среќа имаше Џерард Батлер, кој на твитер објави фотографја од тоа што остана од неговата изгорена вила.

Се вратив во мојата куќа во Малибу по евакуацијата. Страшни моменти во Калифорнија. Благодарен сум им на пожарникарите. Ви благодарам за храброста, жртвата и позитивниот дух – напиша актерот.