Врвните светски готвачи и гастрономи, добитници на Мишелин ѕвезди, Џорџо Диана, Раду Замеску и Ѓорѓе Костиќ, ќе бидат дел од т.н. Гастро тура што од утре до 14 октомври ја организира Општина Охрид.
Целта на настанот е да се подигнат квалитетот и понудата во охридските ресторани и угостителските објекти.
Со домашни охридски производи, готвачите ќе треба да напрват нови специјалитети кои потоа ќе станат дел од менијата на локалните угостители.
Во рамки на Гастро турата се предвидени и обуки на локални готвачи за нови типови јадења и збогатување на постојните менија во рестораните.
По пристигнувањето на врвните готвачи утре, ќе се одржи Мастер клас на Факултетот за туризам, по што, според Програмата, треба да дојдат и велосипедистите, учесници на настанот „Заобиколи го езерото, почитувај го езерото”, закажан за сабота во девет часот. Попладнето, пак, од 17 часот Џорџо Диана ќе подготвува Гала вечера.
За недела наутро е планирана планинска велосипедска тура „Spiridon Adventure“, додека од 17:00 часот е дегустацијата на риба и морски производи „Метро“ за која е задолжен нашиот мајстор, шеф Дејан Карапеев.
Comments are closed for this post.