Покојниот уметник Видое Ристовиќ располаше со вредни слики, накит и уметнички дела.Тој беше еден од најстрасните и најголемите колекционери на часовници и  давал баснословни суми за да ги има најскапите и најретките модели, чија вредност на пазарот достигнува неколку стотици илјади евра, пишува Курир.Вкупната вредност достигнува четири милиони долари.

На Инстаграмот на покојниот Ристовиќ може да се видат фотографии на кои позира со часовници од најлуксузните светски брендови како „Ролекс“, „Ричард Рил“ и други. Цените на часовниците кои ги носел на раката вредат милион долари. Еден AP часовник е произведен во само неколку примероци, се карактеризира со нараквица од алигаторска кожа, но и тезга околу која има дијаманти.

Поседувал и златен „патек филип“ од 570.000 долари, како и уште едно бело злато чија цена е 300.000 долари.