Луѓето кои редовно вежбаат, имаат затегнати тела, па со тоа се и позадоволни со себеси. Тоа значи и поцврста самодоверба и поголемо либидо, како и поквалитетен сексуален живот, смета познатиот сексолог д-р Лорен Стрејчер, директорка на Центарот за сексуална медицина во Чикаго, Илиноис, САД.
Аеробик-вежбите се посебно добри за подобрување на кардиоваскуларата кондиција, што го поттикнува крвотокот низ цело тело, па и во областа на гениталиите, вели д-р Стрејчер.
Според неа, кај жените, протокот на крвта е пресуден, оти од тоа зависи и секретот. А пак, кај мажите ја стимулира ерекцијата.
Кај мажите, поинтензивните тренинзи го зголемуваат лачењето тестостерон, што значи и поинтензивна желба за секс, истакнува докторката.
Центрите за контрола и превенција од болести препорачуваат најмалку 150 минути тренинг со умерен интензитет или 75 минути поенергични аеробик-активности, неделно. Џогирањето со побрзо одење или лесен велосипедизам се примери за умерени вежби.
Во поинтензивни активности спаѓаат трчање, брз велосипедизам, кошарка, одбојка, ракомет, фудбал итн.
Д-р Стрејчер има и свој блог посветен, пред сѐ – на женското сексуално здравје.
Comments are closed for this post.