Се чини дека малерите на пејачот Дарко Лазиќ никако да престанат. Веќе неколку недели се опоравува од страшната несреќа но сега стигнуваат информации дека и неговата вереница Марина сака да го остави. Таа не може да го издржи преголемиот притисок околу тоа што се случува со Дарко, и со неговите пороци.

Марина има само 19 години и ја погодуваат муабетите дека Дарко има проблеми со лихвари, како и со алкохолот и дрогата.

Згора на тоа проценките на лекарите се дека поради сериозните проблеми тој најверојатно нема да може да има деца, што таа нема да може да си го дозволи.