По точно 32 години по затворањето на клубот „Плејбој“ на Менхетен, познатите „зајачици“ во корсети се вратија во Њујорк. Точниот датум на отворањето беше на 15 септември годинава.

Новиот „Плејбој“ клуб се наоѓа на нова локација на 42. Улица и е токму како што сите го знаевме – полн со зајачици.

Својата историја „Плејбој“ клубот ја започнал во 1962 година, а денес ништо не е поразлично од тогаш, барем што се однесува до логото и познатите зајачици. Клубот е на 15 минути од Тајмс сквер, логото е исто, а влезните врати се обоени во црна и златна боја, како и клубот кој беше познат до 1986 година.

Внатрешноста на клубот ја отсликува историјата на брендот кој го разви Хју Хефнер, доминира гламурот и ретрото. Внатрешноста ја отсликува вилата на Хефнер во Чикаго од 50.години на минатиот век.

Но, не е се ретро – има и модерни елементи, многу телевизори, тридимензионални агли.

Тие што сакаат да станал член на Плејбој клубот треба да брцнат подлабоко во џебот – годишна членарина чини од 5.000 до 100.000 долари.

А, во клубот се служи и врвна храна. На менито е популарниот бифтек со сос од тартуфи, но и други магии на кулинарството, што само додаваат поинаква димензија на ноќната забава во клубот.