Омилениот пијалок на многу генерации, Кока-кола, на денешен ден прв пат почнала да се продава во стаклени шишиња. Пронаоѓачот Џон Стит Пембертон во 1886 година го продал првиот претходник на овој пијалок направен од сируп и кисела вода. Осум години подоцна овој пијалок ја добива првата амбалажа.

Погледнете како изгледала еволуцијата на стаклените шишиња на Кока-кола:


Првото флаширање на Кока-Колата се случило во Виксбург, Мисисипи, во компанијата за слатки Беденхарн во 1891 година. Нејзин сопственик бил Џозеф А. Беденхарн. Оригинални шишиња биле оние на Беденхарн, и истите биле многу поинакви од подоцнежниот дизајн „тесно здолниште“, кој денес е многу познат.