В недела, на 21 октомври, на кејот на Вардар кај мостот кај лунапаркот, со почеток во 11:30 часот ќе се одржи хуманитарна штафетна трка „Подај рака 2018“ за поддршка на заболените од ретката болест Вилсон.

Трката се одржува по четврти пат, а на неа покрај лица заболени од Вилсон ќе учествуваат и лица од други ретки болести. Целта е да се покаже дека кога дијагностиката и терапијата се навремено аплицирани, со најголемиот број ретки болести, може да се живее нормален живот, рамноправен со сите луѓе.

Со овој настан сакаме да им дадеме поддршка и на сите лица кај кои најчесто, како последица на ненавремена детекција, ретките болести оставиле непоправливи последици, како и да им оддадеме почит на оние кои прерано го изгубиле својот живот борејќи се со нив“, велат од „Вилсон Македонија“.

Котизацијата за учество во трката е симболична и изнесува 150 денари. Собраните средства оваа година ќе бидат искористени за запознавање на матичните лекари со можните симптоми и начините за рано детектирање на болеста, што ќе се спроведе со карван низ повеќе градови.

Повеќе информации и пријавување за годинешнава трка „Подај рака“ се достапни на следниов линк https://www.smartrace.club/