Фронтменот на Ролинг стоунс, Мик Џегер бил успешно опериран во една болница во Њујорк. Според информации на магазинот Билборд, на Џегер успешно му била сменета „вештачката валвула на срцето“.
Тој се опоравува по хируршката интервенција, а Билборд наведува дека 75-годишниот Џегер се чувствува многу добро, но е под лекарски надзор.
Според други медиумски написи, се очекува рокерот целосно да се опорави до лето.
Минатат недела Џегер преку Твитер објави дека Ролинг стоунс ја одлагаат турнејата низ САД и Канада, но им порача на фановите да ги чуваат картите оти наскоро ќе се појават на сцената. Беа предвидени 17 концерти од 20 април до 29 јули.
Comments are closed for this post.