Кралицата Елизабета  која сега има 92 ќе се повлече по три години, на 95-годишна возраст, по  што британскиот престол ќе го преземе принцот од Велс, Чарлс, дознава  британски „The Sun“.

Кралицата Елизабета, е најстариот и најдолготраен монарх по нејзиното крунисување во далечната 1952 година.

Според биографот на кралското семејство, Роберт Џобсон, Кралицата ќе абдицира по три години.

Во неговата  книга, Џобсон тврди дека кралицата изјавила дека ако доживее 95 години, сериозно би размислувала да се откаже од тронот.

Нејзиното Височество е свесна за нејзината возраст и сака да се осигура дека кога ќе дојде време, предавањето на тронот ќе биде факт, вели Џобс.