Уметнички експонати од современи автори, кои ги поседувал починатиот поп пејач Џорџ Мајкл, на неодамна одржана аукција се продадени за неверојатни 15 милиони долари.
Колекцијата на уметничките дела на пејачот вклучува, меѓу другото, и акти на влијателни уметници како што се Трејси Емин и Демиан Хирст.
Највисока цена на аукцијата достигна делото на Хирст, со оригинално име „The Incomplete Truth” од 2006 година, кое се состои од гулабица зачувана во формалдехид. Имено, тој експонат достигнал цена од 911.250 британски фунти.
Џорџ Мајкл, кој почина на 53-годишна возраст во декември 2016 година, беше страстен колекционер на дела од Младото британско уметничко движење, а исто така беше и пријател со многу уметници.
Собраните средства од продажбата на делата ќе бидат наменети за финансирање на филантропски организации, кои поп ѕвездата ги поддржувал.
Comments are closed for this post.