Македонија изобилува со прекрасни дестинации како измислени за еднодневна прошетка. Една од нив е селото Радожда кај Струга во близина на границата со Албанија. Посетителите во ова село одат за ручек во неколкуте ресторани каде специјалитет е крап или пастрмка.

За јадењето да спадне се оди на искачување во црквата Св.Архангел Михаил.

Патот до неа не е лесен и треба многу кондиција бидејќи таа е во карпа високо на ридот. Во неа е насликан портретот на Св.Kлимент Охридски а датира од 13-от век.

Откако ќе запалите свеќа и ќе се помолите за здравје не можете да не се воодушевите од погледот од кој се гледа селото Радожда но и целото Охридско езеро.