Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер подготвија нов албум, а истовремено одлучија извесно време да се разидат како „Ту челос“, пренесоа хрватските медиуми.
Најславното дуо на виолончело на светот „Ту челос“ последните години проживува кулминација на популарноста.
Хаусер, за хрватската РТЛ откри дека од идната година, тој и Шулиќ ќе тргнат на различна страна.
Не чекаат турнеиите низ Австралија и низ САД до април, идната година. Имавме напорни 8 години и време е да размислиме што понатаму,вели Стјепан.
Лука ќе се посвети на семејството, ќерката и сопругата, а Стјепан ќе заплива во соло водите.
Виртуозите на виолончело, препознатливи по преработките на светските поп-хитови, на 19 октомври одржаа концерт во ВИП Арената во Скопје.
Comments are closed for this post.